Денес е светски ден на оралното здравје
Залевање на трајните заби против кариес
Првите трајни заби детето ги добива помеѓу шестата и седмата година. Тие заби никнуваат во период кога во устата на детето сеуште има млечни запчиња кои може да бидат расипани. Во таквата “средина“ многу е поверојатно побрзо да се расипат “новите“ трајни заби. Процентот на кариес на тие заби кај севкупната популација е огромен. Затоа во овој период се препорачува редовна и темелна хигиена на устата.
За да се спречи појавата на кариесот и да се сочуваат забите, децата треба да се носат на редовни стоматолошки контроли и да се врши залевање на фисурите.
Фисурите на забите се бразди или јамички кои се наоѓаат на површината на забите и претставуваат најпогодно место за појава на кариес. Во овие места на забите доколку не се одржува правилна и редовна орална хигиена остануваат остатоци од храната со чие распаѓање во устата настанува кариес.
Некои од вдлабнатините и пукнатините се толку тесни, што дури ни влакното од четкичката не може да навлезе во нив за да ги исчисти. Со нивно залевање со помош на специјални материјали се оневозможува појава на кариес. Кога децата ќе ги добијат трајните заби, пожелно е залевањето да се изврши најбрзо откако тие ќе никнат. Со оваа метода се пополуваат сите места на џвакалната површина на забите кои не се многу достапни за чистење. Со тоа се спречува собирање на храна на тие места и се оневозможува создавање на кариес.
Што претставува средството за пополнување вдлабнатини и пукнатини (залевање на фисури) и како се нанесува?
Еден од начините да се спечи појава на кариес во вдлабнатините и пукнатините на забите е тие да се затворат со специјален лак, кој се нарекува средство за пополнување на вдлабнатини и пукнатини ( залевање на фисури ). Доколку стоматологот заклучи дека, за да се заштитат забите од кариес, ти е потребен еден ваков третман, тој или таа најпрво ќе превземе неколку посебни чекори за да ти ги подготви забите за претстојниот третман.
Забот најпрво се чисти, а потоа се нанесува раствор од слаба киселина, кој ќе ја редира површината на забот и на тој начин ќе овозможи средството полесно да се сврзе со неа. Целата процедура е брза и безболна.
Од голема важност е, за време на целосната процедура, површината на која се работи да е сува и до неа да не дојде плунката. Во спротивно средството за пополнување може да не се сврзе соодветно со површината на забот. Штом ќе се заврши ова, стоматологот го нанесува средството за пополнување врз вдлабнатините и пукнатините на забот. Со помош на специјална светлина, средството се суши и е подготвено за употреба. Залевачот врз забот не значи 100 процентна заштита од кариес. Вие и понатаму мора да продолжите редовно и правилно да ја одржувате оралната хигиена.
Од брошурата: НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС – Црвен крст – Охрид
Публицитет.мк