Нашата парола беше „Живот во Охрид за сите“ и ние мора од утре и натаму да се бориме, да работиме и да го оствариме ветеното, рече во првата своја изјава по прогласувањето на победата уште во првиот круг, новиот градоначалник на Охрид д-р Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата, дадена на градскиот плоштад.
– Им благодарам на сите граѓани, мислам дека сепак овие избори покажаа дека Охрид е крајно демократски град, дека сосема заслужено треба да оди напред.
Публицитет.мк