Епизодата од некогаш популарниот детски серијал „Коцка, коцка, коцкица“ на Телевизија Белград се вика „Поздрав од Охрид“.
Уште еден доказ дека Охрид бил омилен како дестинација со своите природни и културни убавини и во тоа време. Ако разгледаме по видео архивите ќе се забележи дека ова е втора емисија од овој серијал снимена во Охрид.
Вреди да се види и мнозина да се потсетат а други по првпат да видат како тоа изгледал градот Охрид пред околу 4 децении.
Погледајте од почеток до крај – трае 30 минути . На ТВ одјавата ги пишува и учесниците. Можеби ќе видите за вас некои драги лица.
Публицитет.мк