Делови од Европа се „топат“ поради огромните температури.
Во Германија неделава е забележан рекордно најтоплиот ден ова лето – 39,5 степени и, како што стојат работите, разладување не е на повидок.Се најавува нов екстремно топол ден и за време на викендот. Италија вклучи аларм за предупредување, а во Португалија на граѓаните им се препорачува да излегуваат на отворено во текот на викендот.
Зовриен е не само воздухот, туку и водата. Балтичкото Море достигна температура речиси како Средоземното. Неговиот брег е преполн со туристи, а на плажите, како што докажува и нашата #ФотографијаНаДенот, нема каде игла да се фрли.
Извор: www.dw.com