Нашата соработничка Дамјана Видическа освен што пишува романи, колумни и статии во последно време е опседната и со фотографирањето.
Од тој творечки опус – по нејзин избор неколку фотки кои се направени за време на нејзините откривања на околината, Македонија и Европа. Со себе го носат заробениот миг, емоциите и нејзината зрелост.
Се надеваме дека ќе ви се допаднат.
„Светкави погледи и ладни ноќи во Лондон“
„Само неколку лаги не’ делат од она што бевме“
„Како може бранот да е толку силен, но сепак толку немоќен кога ќе удри во карпа?“
„Побарај ме, онаму кадешто наоѓаш спокој“
„Вдиши. Слободен си“
„Разголи ме и со целувки откриј ми ја дивата страна“
Публицитет.мк