Во неделата по 90 ти пат беа доделени годинешните награди Оскар, најпосакуваните филмски награди. Добитниците се познати и барем според она што можеше да се види , сите му се израдуваа со што покажаа дека се работи за едно од најголемите и највредните признанија во филмската уметност кон кое се стремат сите оние кои се занимаваат со неа. Но, во текот на сега веќе 90те изминати години од постоењето на оваа церемонија, имало и такви години во кои добитниците на оваа награда не сакале да дојдат на церемонијата , некои не сакале ниту да учествуваат во трката по наградата а некои дури и ја одбиле.
Неодамна познатиот „ Бизнис инсајдер“потсети на личностите кои не се појавиле на доделувањето на Оскарите во долго годишната историја на оваа награда.
КЕТРИН ХЕПБЕРН
Актерката Кетрин Хеберн ,која одамна веќе не е меѓу живите, сеуште го држи рекордот по добиените награди Оскар со вкупно освоени 4 награди и тоа сите во категоријата за најдобра главна женска улога. Се случило тоа во 1932/33 , 1968, 1968 и 1981 година. Таа била позната по тоа што појавувањето на церемониите никогаш не и била нејзина јака страна. Така се случило и во 1969 година кога биле доделувани наградите Оскар за филмовите од 1968 година . Таа година за прв и последен пат во историјата на Оскарите, наградата во категоријата за најдобра главна женска улога била доделена на две актерки:Кетрин Хепберн и Барбра Стрејсенд. За Хепберн тоа бил трет Оскар а за Барбара прв. По стариот нејзин обичај таа не се појавила на церемонијата па сите почести и припаднале на Барбра Стрејсенд.
ЏОРЏ С. СКОТ
Од сите номинирани актери за главна улога на церемонијата одржана во 1971 година, по игра на случајот за победник бил избран актерот Џорџ С. Скот за улогата во филмот „ Патон“ . Откако го видела името на ковертот , актерката Голди Хон извикала: „ О, мој боже“, и тоа со причина. Имено, Скот бил човек кој не го сокривал својот презир кон Оскарот( во 1961 година тој одбил номинација за оваа награда) а во таа 1971 година бил подготвен тоа и да го потврди.
„ Животот не е трка, и за тоа не сметам дека се наоѓам во било каква трка со моите колеги за некаква награда или признание.Баш ми е гајле за некаков Оскар. И без него заработувам премногу пари“ , рекол и глатко го одбил Оскарот. Но затоа не сакал да ја одбие наградата на њујоршките критичари , за која ја испратил да му ја подигне неговата сопруга со зборовите: „ Ова е единствената награда која вреди да се добие“.
МАРЛОН БРАНДО
Во 1973 година се повторила сликата од 1971 година кога Оскарот одби да го прими Џорџ Скот. Таа година , Оскарот за главна улога по втор пат го освоил актерот Марлон Брандо за улогата во филмот „ Кум“. Наместо тој на церемонијата ја испратил индијанката Сошен Малечкото Перо која била облечена во народна носија , во негови име да ја подигне наградата и во негово име да го прочита протестот против неправедниот однос на Америка кон Индијанците, а особено начинот на кој тие биле прикажувани во холивудските вестерн филмови.
Покрај тоа тој додал дека многу повеќе може да им помогне на жителите од загрозениот индијански резерват ако престојува кај нив , отколку да присуствува на оскаровската церемонија. Присутната публика во салата пораката ја примила со поделени чувства.Некои се смееле а некои аплаудирале, но во целост не му замериле. Веќе следната година бил номиниран по осми пат.
РОМАН ПОЛАНСКИ
Во 2003 година режисерот Роман Полански го доби Оскарот за најдобар режисер за филмот „ Пијанист“ , но тој не се појавил на церемонијата за да ја подигне наградата од причина што тој не можел тоа да го стори заради обвинението кое е покренато против него заради незаконски сексуален однос со малолетничка. Тој и ден денес не смее да влезе во САД бидејќи веднаш ќе биде уапсен .
Презентерот на наградата , актерот Харисон Форд , оскарот на Полански му го врачил нешто подоцна во Франција каде тој престојувал од 1978 година.
ВУДИ АЛЕН
Во 1978 година Оскарот за најдобра режија му припаднал на Вуди Ален за филмот „Ени Хол“кој го добил Оскарот за најдобар филм. Бил тоа првиот Оскар од четирите кои ќе ги добие во својата кариера. Но, тој ниту тогаш ниту подоцна не се појавил на церемониите за да ја подигне наградата. Конкретно , тој таа вечер бил на другиот крај од САД , во Њујорк каде свирел на кларинет во еден бар.Тој однапред се извинил за своето одсуство наведувајќи ја како причина својата голема срамежливост , нешто во што многумина не му поверувале знаејќи дека тој е остар критичар на натпреварувачкиот дух на Оскарот.
ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР
Филмовите на брачната двојка Тејлор- Бартон (вкупно 11)во поголемиот број биле бесмисленили во најдобар случај претенциозни , а интересот за нив бил резултат на медиумското внимание за нив и скандалите кои постојано ги следеле. Исклучок секако е филмот „ Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ во кој Бартон можеби ја одиграл својата веројатно најдобра улога , а Елизабет Тејлор најпосле во потполност го заслужила својот втор Оскар.Но, тоа што Академијата не го наградила и нејзиниот сопруг со Оскар, со што би биле прва брачна двојка со освоени Оскари за најдобри главни улоги, толку многу ја разлутило Лиз Тејлор што таа не дошла на церемонијата за да го прими Оскарот, и цели две недели не сакала да слушне за било каков Оскар, но лутината и поминала откако Оскарот и бил врачен во Лондон во Британската Академија.
СТЕНЛИ КЈУБРИК
Извонредниот режисер Стенли Кјубрик никогаш не добил Оскар за режија.Во 1969 година Академијата на неговиот филм „ Одисеја 2001 “ му доделила Оскар за специјални ефекти . Кјубрик кој имал номинација за најдобар режисер ,не се појавил воопшто на церемонијата на доделувањето на Оскарите која се одржала на 14. Април 1969 година . Таа година оскарот за режија му припаднал на Керол Рид за мјузилкот „Оливер“.
АЛИСОН БРЕЈДИ
Во 1936 година актерката Алисон Брејди за улогата во филмот „ Мојот човек Годфри“ била номинирана како прва актерка во категоријата најдобра споредна актерка. Наградата не ја добила но станала добитник во истата категорија во следната година за улогата во филмот „ Во стариот Чикаго“. Алис не присуствувала на церемонијата на доделувањето на наградите . Во нејзино име некој непознат човек ја превзел наградата . После се открило дека во прашање бил измамник , но ниту човекот ниту Оскарот никогаш не биле пронајдени. Академијата изработила нов Оскар кој нешто подоцна и бил врачен на актерката.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк