Фотографијата која ја одбравме да биде дел од нашата рубрика ФОТО НА НЕДЕЛАТА е дело на на младиот , но веќе афирмиран режисер и музички продуцент Даниел Јовески од Охрид .
Даниел има успешни соработки со низа македонски изведувачи: Ѓорѓи Крстевски, Боби Мојсоски, Петар Маркоски, Дуке Бојаџиев…
Јовески подолг период работи за албанскиот пазар и од Косово и Албанија во неколку наврати се враќа со награди за музичките видеа во негова режија и продукција.
Паралено со режирањето, продукцијата и музиката успешно му оди и фотографирањето.
Неговата фотографија со мотив од црквата „Св. Јован Канео“ и Охридско Езеро се наоѓа на кориците на монографијата „Чудесна Македонија“.
Последниот голем проект по кој го памети охридската и македонската јавност е концертот „Не кажувај либе добра ноќ…”, кој тој и Петар Маркоски го одржаа на 14 февруари, а беше посветен на македонската традиционална песна по повод големиот празник на виното Св. Трифун и празникот на вљубените Св.Валентин.
Публицитет.мк