
Учениците од ООУ “ Св. Наум Охридски ” с. Пештани, заедно со подрачните училишта во Коњско, Елшани и Трпејца активно се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност од 16 до 22 септември 2022 година која го носи мотото: „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.
Активностите започнаа од 20.09 кога се кога се одбележа „Ден без автомобили“. Учениците возеа велосипеди во училишниот двор , скејборт, стекнаа знаење како правилно да се одржува велосипедот и имаа низа активности за безбедно учество во сообраќајот.
Во следниот период учениицте од 1 до 5 одделение изработуваа плакати , картички со кои испратија пораки за чист воздух за здраво детство, помалку да ги користиме автомобилите, а повеќе велосипедите, затоа што ја загадуваат околината, да градиме здрави еколошки навики и уште многу пораки напишани и испратени од вредните детски раце.

Во текот на воннаставните активности се дискутираше за значењето на климатските промени, заштитата на животната средина и одржливиот начин на транспорт.
Децата испратија СИЛНА И ЈАСНА ПОРАКА : САКАМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ
Координатор на активностите
Лила Каранфиловска
Публицитет.мк







