Со песни, рецитации, цртежи и пораки во и надвор од градинките во Охрид децата згрижени во ЈУДГ “Јасна Ристеска“ заедно со своите воспитувачки ја одбележуваат „Неделата на детето“ .
На минување денеска претпладне кај споменикот на заштитникот на градот Св.Климент Охридски забележавме група дечиња со транспарентни во рака кои дефилето низ градот го искористија за да ги потсетат возрасните на своите права.
Претходно, во градинките тие слушнаа зошто се одбележува Неделата на детето а им беше прочитана и Конвенцијата на ООН за правата на децата.
ЈУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве и со други активности ќе ја одбележи Неделата вклучувајќи ги најмладите, но и нивните родители во неколку хумани мисии.
Во теке е собирањето на книги за деца кои ги донираат писатели, поети и родители од Охрид. Во оваа кација поддржана од Министерството за труд и социјална политка се вклучија и неколку градинки од Скопје,а собраните книги ќе бидат донирани за децата од македонско потекло кои живеат и учат во соседна Албанија.
Утре – среда во сите градинки во Охрид ќе се одржи акцијата за почиста животна средина и најмладите ќе ги чистат дворовите на градинките од веќе пожолтените есенски лисја.
Во четврток и петок ќе се одржат спортски натпревари во СРЦ „Билјанини Извори“, а во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ децата ќе гледаат филм погоден за нивната возраст.
Директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ Розе Костеска вели дека забрзано се работи на отворање на групата во други простории во Пештани, каде во рамките на ОУ „Св. Наум Охридски“ ќе биде отворен клон за згрижување на деца од оваа и соседните населби.
Оттука и апелот на директорката Костеска до заинтересираните родители за згрижување на нивните деца во оваа градинка да почнат да ги пријавуваат во просториите на централната градинка во Охрид.
На овој принцип во рамките на училиштата веќе функционираат мини градинките во: Лескоец, Велгошти и Радојца Новичиќ.
Публицитет.мк