Денеска 130 моторциклисти-членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, доаѓаат во Охрид.
Моторџиите, најнапред ќе го посетат туристичкиот комплекс „Св.Наум“ а во 14 часот и 30 минури ќе го започнат дефилето низ Охрид. Стартот на дефилето е од булеварот „Туристичка“ кај „Билјанини извори“ до кружната крстосница кај „Охридска банка“ а потоа по булевар „Македонски просветители“ до градското пристаниште. За учесниците на ИПА мото средбата, предвидено е туристичко разгледување на Охрид и бродска пловидба по Охридското Езеро. Утре во 10 часот, моторциклистите продолжуваат кон манастирот „Св.Јован Бигорски“. За време на дефилето, соодветни безбедносни мерки ќе презема сообраќајната полиција при СВР Охрид.
Посетата на Охрид и денешното дефиле е во рамките на третата ИПА мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид. Мото средбата започна пред два дена со дефиле низ Скопје од каде, моторциклистите го посетија Крушево и Битола.