Поради изградба на кружниот тек, утре во времето од 08 часот до 13 часот за сообраќај целосно ќе биде затворен дел од булеварот „Туристичка“.
Предвидено е затворање за сообраќајот во двата правци на потегот од пресекот на булеварот „Туристичка“ со булеварот „Асном“ до пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“.
Целосното затворање за сообраќај е поради замена на подземната инфраструктура што треба да ја изведе јавното претпријатие „Проаква“работна единица „Водовод“.
Поради овие предвидени градежни активности, ги повикуваме сите учесници во сообраќајот на разбирање за потребите и оправданоста на градежните зафати, користење на другите улици за сообраќај како и почитување на поставените сообраќајни знаци и насоките на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид.
Публицитет.мк