Фотографијата е мојата прва љубов ( кога почнав бев премногу мал за девојки) и останав заљубен во нејзе до ден денешен, вели Попов во воведот на неговата веб страница.
Започнав сосема случајно од мојата 12-та година кога започнав и со планинарење , и почнав да ги осознавам убавините на Македонија.
Од тие години, па се до сега, секојдневно ја збогатувам мојата архива со фотографии од природните убавини на мојата земја, од прекрасните луѓе што ги среќавам, од преубавите села и градовите.
Горд сопственик сум на бројка од преку 50000 фотографии од преубавата ни Македонија, добитник на наградата Благоја Дрнков, за колекција од фотографии во 2013-та година. Мојот долгогодишен труд може да се види преку многубројните календари, брошури, книги, разгледници, монографии.
Автор сум на три епохални дела:
- Mонографиите Чудесна Македонија,
- Македонски слави, и
- Македонски цркви и Манастири,
сите во издание на Младинска книга од Љубљана.
Kако и на
- Mонографијата за Порта Македонија,
во издание на Министерството за Култура на РМ.
Посетете ја мојата веб страница http://photomacedonia.com.mk/ и најискрено ви посакувам да уживате во фотографиите, исто како јас кога ги фотографирав, порачува фотографот Наце Попов.
Публицитет.мк