• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Ден на ДРИМ : Сме создавале и создаваме – проклетството да се биде чекор пред времето.

мај 4, 2016
in Аргументи за
Прогласувањето на 5. Мај за Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор Групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот Басен , но и петте прсти на една рака кои симболизираат заедништво и еден организам и координација.
 
Овогодинешното одбележување се одржува во сите пет држави во ист ден како порака за цврста решеност за обезбедување на заштитата на водените ресурси и квалитетното управување со целокупниот слив. Сливот на реката Дрим е еден од најкомплексните организми и неговото заедничко управување е еден од најголемите предизвици кои сме го имале досега. Со цел да се создадат механизми и атмосфера за заедничко управување, Глобалниот Еколошки Фонд поддржа заеднички Дримски проект кој преку реализација на компонентите треба да ги постави основите на управувањето.
 
Првата цел на проектот е да се направи заедничка Трансгранична дијагностичка анализа на басенот која ќе ги покаже сите проблематични точки во Басенот и ќе ги утврди приоритетите за нивно решавање. Низ тој процес треба да се воспостават заеднички момниторинг систем и размена на податоци и потоа од тоа да се развие Заедничка визија и да се формираат заеднички тела за управување. Сето тоа во согласност со Европската директива за води. Паралелно со тоа ќе се изведат и неколку каталитички проекти кои дирекно ќе влијаат во менаџирањето на басенот како што се неопходниот Менаџмент план за сливот на Охридско Езеро и процесот за рано предупредување од поплави во дримскиот слив. Сето тоа секако проследено низ силно инволвирање на јавноста во процесите на управување и подигање на свеста за важноста на регионот. Проектот е планирано да трае 4 години после кој се планираат и следни активности за решавање на приоритетните прашања. Финансиран е од ГЕФ , преку УНДП, а задолжен за спроведување е Global water partnership со Координаторите во секоја од државите.
 
Во теоријата на еколошката психологија најважните елементи се нивото на адаптацијата, нивото на стимулација, теоријата на однесувањето и на интегрирањето во самата животна средина. Кога тоа би се пренело на нашето поднебје и ресурси прашањето кое сакам да го поставам е: Дали нашиот сон воопшто е визијата за вредностите кои ги имаме? Дали ние навистина си го сакаме природното и културното наследство? Дали можеби глумиме однесување заради потреба од адаптација и однесувањето? Ми изгледа дека степенот на покажување загриженост е правопропорционален со дневната потреба .
 
Но овие теоретски замисли во еколошката психологија одговорот секако го бараат во практичното делување. Кога го прогласивме денот на Охридското Езеро 21 Јуни, самиот чин беше потценет . До ден денес тој Ден се прославува од страна на локалните самоуправи и е симбол за заедничка грижа за Езерото. Кога регионот Охрид Преспа доби историски статус на Биосферен резерват на УНЕСКО на 11 Јуни и тој успех остана речиси незабележан да не кажам игнориран. Психологијата на мометот не дозволи еколошката перцепција да ги победи другите моменти токму заради нивото на адаптација и однесување кое го имаме. Можеби и сето тоа било и заради фактот или пак проклетството дека секогаш сме биле чекор пред времето.
 
Но, ние сме создавале и создаваме. Еве создадовме и Ден на Дрим – 5 .Мај. И натаму ќе содаваме институционални капацитети и меѓународен интерес и поддршка за еколошките процеси и одржливиот развој. Затоа што борбата за здрава животна средина, здрави водни ресурси и развој на регионот базиран на неговите вистински вредности, не престанува. Напротив, ПОЧНУВА
Нека нашиот Dream биде и Дрим. Честит Ден.
 
 
dejan copy copy copy copy copy
 
Дејан Пановски, Координатор на ГЕФ Дрим Проектот
 
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 125
Share
Previous Post

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Next Post

Започна 18 издание на Фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“

Next Post

Започна 18 издание на Фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 125

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk