Во мај се раѓаат најубавите стихови, музика и песни „Распеано рибарче“ 2016
Вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“се одржа првата од четирите изведби на фестивалот на детска песна. Денеска – четврток има две приредби за децата од основните училишта од општинава, а утре од 19 часот е завршаната приредба наменета за родителите, спонзорите, бабите и дедовците, пријателите… Регионалната телевизија О2 ќе врши директен пренос.

И годинава ќе биде издадено ДВД со сите песнички, и ЦД како и песнарка. Во песнарката го пишува и следново како вовед во фестивалот:
Рибарчиња – другарчиња, здраво и добре дојдовте на уште едно фестивалско дружење со нас РАСПЕАНИТЕ РИБАРЧИЊА.
Нашето рибарче Климче или Номче, како се викаше?! … не е важно сеедно, годинава слави 18 години. Рибарчето е веќе полнолетно и не одговара веќе пред никого, туку напротив станува свој човек, размислува со своја глава, па дури и за својата ѕвездена, фестивалска слава.
Така годинава тоа одбра само 13 песни. Нееее, никако тоа не е баксузен број, напротив. Од сцената ќе екнат толку песни, а изведувачи ќе има многууу повеќе!
Еве само неколку наслови од песните што ќе се пеат: „Отворете уши“, „Желба“, „За мама пее целиот свет“, „Ритамот, среќни не прави“ , „Таа гитара“ , „Буба Мара“, „Пролет“ ,„Твоите погледи“, „Сакам бит“ …
Што, нестрпливи сте?! Па секако почнуваме – Уживајте и пеете заедно со нас децата!
Ве поздравува Вашето и самооо Ваше РИБАРЧЕ!
Публицитет.мк






