
Алберта Гулицовска, духовен трагач од Охрид.
Апропо денот на шегата, ќе започнам со црн хумор и моето доживување на ситуацијата, како на некој на кој патувајќи кон Скопје, автобусот ми се расипал на Стража, и е во ситуација на долго исчекување…а кога животот ќе те однесе на Стража ( подари лимони), купи си мекици.
Оваа година на предизвици, ја поминав на Зум во учење на нови работи и работа на подобра верзија на себеси, зошто новото за мене е предизвик без кој не би можела да го замислам животот.
Тешките времиња ќе поминат, зошто ништо не е константно како промената, што одамна го забележал Хераклит, или како легендарниот Балашевиќ испеал во Портрет мог живота „без црне, бела не би вредела“.
Благодарам за вниманието и отстапениот простор, комплименти за Публицитет за објективното и високо професионалното известување!
Публицитет.мк







