Благодарам на публицитет за честа. Родендените се нешто што не потсетува на нашето постоење, а мојата нова книга – детска приказна е баш за еден роденден на едно прекрасно девојче – мојата внука Розита. Благодарам на сите кои помогнаа оваа година да ја испечатам мојата нова книга – детска приказна РОЗИТА на три јазика: македонски, албански и турски. Посебно сум горда што истата пред неколку дена стана дел од тристате страници од Современи авторски бајки од писатели од Сараево, Скопје и Загреб.