Андрија Дојчиноски од Скопје, професор по книжевност, сега во пензија.
Со задоволство кога можам а тоа сега ми се случува почесто бегам од загаденото и бучно Скопје во мојата Дебрца од каде ми се корените. Најчесто, престојувам таму и до колку временските услови се погодни, посетувам места со чисти еколошки белези. Оваа природа е изолирана од луѓе и животни. Единствени редовни гости се барските птици и некој намерник – вљубеник во природата и селскиот амбиент.
Така ќе го поминам и овој роденденски ден. Ви благодарам што се сетувте и ми го честитавте на еден невообичаен начин.
Публицитет.мк