Ангела Белевска- Лице за односи со јавност ( Сектор за поддршка на градоначалник) во Општина Охрид.
Пред сѐ благодарам на publicitet.mk за укажаната чест и внимание по повод мојот роденден. Денот кога сме се родиле е само потсетник за тоа колку брзо минува времето. Со секоја измината година стануваме позрели и посвесни за самите себе, за луѓето и случувањата околу нас. Стануваме свесни дека животот не е розов. Во него има и црни и бели нијанси, а тој баланс на бои не прави посилни и поотпорни на сите удари. Последниве неколку години мојот син Јаков е тој кој најмногу се радува на моите роденденски забави, па заедно со него и јас се враќам во детските години со дување свеќички и пеење роденденски песни. Тоа се убави моменти за дружба со најблиските затоа што токму моментите, а не деновите или годините се тие на кои секогаш се сеќаваме. Сопственото и здравјето на најблиските, свесноста дека сите нас не има на овој Свет и надежта дека ќе се доживее секоја наредна пролет е она што мене ме прави среќна.
Публицитет.мк