Атина Мургашанска, Претседателка на Советот на Општина Куманово.
Колку и да имаме изодено зад себе, колку и да сме оставиле трага зад себе во времето и просторот, највредна е трагата што ја оставаме во човечките срца. Родениот ден е времето кога нашите најмили, пријателите и соработниците и сите оние што не почитуваат, возвраќаат со внимание затоа што сме драгоцен дел од нивните животи. Секогаш ми го обојуваат денот со гордост што ги имам и со благодарност што сум нивна, а тие мои.
Годинава, на мојот роденден ќе бидам покровител на традиционалната Крводарителска акција на мојата партија СДСМ.
Уште еден знак дека животот нема ниту цена ниту реприза и дека секогаш е добар ден за хуманост.
Во тоа име, вечерва ќе прославам со најблиските, а за Публицитет голема благодарност за вниманието и почитта.
Публицитет.мк