• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Денес им е роденден: Бистра Кумбароска

јануари 28, 2021
in Uncategorized
Денес им е роденден: Бистра Кумбароска

Бистра Кумбароска – социјална иноваторка, поетеса и граѓанин на светот.

Родена сум и пораснав на бреговите на Охридското Езеро, во градот на поезијата, Струга. Благодарение на мојот татко Разме (поет, писател, есеист и езотерик) и мајка ми Сашка (една од најуспешните финансови менаџери во Македонија), јас развив многу силна наклоност и кон моќта на зборовите и кон моќта на бројките.  Страста за комбинирање на добродетелството и претприемништвото почнуваат уште за време на студентските години во Скопје, каде станав активен член и ко-основач на меѓународната мрежа за млади, Младиинфо. Од 2010 година се прселив во Словенија, од каде започнав со редица образовни патувања низ Европа, Африка и Југоисточна Азија. Во соработка со Обединетитети Нации, Европската комисија, УНИДО и други меѓународни мрежи,  се посветив на креирање одговорни и трајни работни места за младите луѓе низ светот. Благодарение на Импакт Хаб мрежата и Глобалната мрежа за социјални претприемачи од Англија, се развив во искусен социјален иноватор, со посебен талент во сферата на нови бизнис модели кои освен профит, креираат и социјална вредност за поширооката заедница. Досега, бев вклучена во креирање и ширење на 8 меѓународни мрежи поврзани со социјални иновации во ЦИЕ, а организирав и го споделив своето искуство на повеќе од 193 меѓународни настани и конференции на темата. Во моментот, сум препознат консултант за социјални иновации и одговорно претприемништво, со живеалиште во Виена и Љубљана. Поезија пишувам во слободното време, на ангиски и македонски јазик.

BISTRA 1

Роденденот ќе го поминам опкружена со љубов – во Љубљана. Дел од таа љубов ќе биде споделена и преку пораки, телефонски повици и видео повици. За жал, поради состојбата со пандемијата, немам можност да направам собиранка и да го прославам роденденот опкружена со прегратки без граници. Но љубовта патува далеку, и верувам во моќта на заедништвото дури и во вакви кризни состојби. Во чест на роденденот, на 6 февруари организирам посебна приватна тура за мојата фамилија и пријатели, со која ќе отпатуваме на езерото Бунјони во Уганда. Турата секако ќе биде виртуелна, но низ тоа егзотично искуство сакам да ја споделам и почувствувам убавината на светот преку приказните и танцот на Африка.

Публицитет.мк

Посетеност: 55
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Донче Пупиноска

Next Post

Владата почна постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 вакцината против корона

Next Post
Владата почна постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 вакцината против корона

Владата почна постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 вакцината против корона

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 55

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk