Благоја Кузмановски, новинар Радио Слободна Европа.
Иако во ова време- невреме заборавивме да прославуваме, одбележуваме, да се радуваме, сепак денеска ќе се обидам да побегнам од сивата ново- реалност и барем на кратко да заборавам на сите проблеми што ги носи секојдневието. Првиот дел од денот ми е посветен на моите работни обврски во Радио Слободна Европа, а поубавиот дел го оставам за сопругата Биљана и миленичето Бела (чивавче), со кои ќе се втурнам во бегство од сивилото. Со ред љубов, па ред вино (со оглед на мулти-празникот), се надевам дека ќе си поминам незаборавни моменти и ќе ги заборавам сите премрежија што ги поминавме овие две години.
Публицитет.мк