Благоја Кузмановски, Радио Слободна Европа на македонски јазик.
Привилегија е да имаш роденден на 14 февруари, затоа што не мора да се оптоваруваш со денешната дилема на многумина- дали да слават Свети Трифун или Свети Валентин.
Јас немам дилема, си славам роденден. Првиот дел од денот го поминувам работно, со колегите од Радио Слободна Европа, а вториот дел е свечениот- со сопругата Биљана, малку романтика, малку вино, во согласност со денешниот празник. На крајот од денот ги очекувам честитките од мојата чивава Бела.
Поздрав и убав ден до Публицитет.мк и до сите нивни читатели.
Публицитет.мк