Борис Шуминоски, професор од Скопје
Имам однос кон родендените на децата и младите на кои останува да го градат светот кој се’ подлабоко тоне. Што да каже за роденденот еден виско образован човек кој целиот свој живот се трудел деноноќно да ги откррие тајните на животот од појавата на homo-sapiensot до наши дни и да ја проектира иднината која им ја должиме на младите.
Сум ја проучувал религијата со раната философија од која се родиле сите научни дисциплини. Се’ до Платона и неговата проекција на Државата!
Сум ги читал сите неопходни умни книги на светско ниво. Могу работи ме запрепастиле: три века владеење на Тјудорите во Англија, или трите века на Романови во Русија. Тие дефинитивно ми створија одвратност кон политиката и никогаш не сум бил член на ни една партија.
Животот го поминав како театарски работник на многу задачи, кои ми овозможија да ги посетам наважните земји во Европа! Напишав и книга со 50 најважни автори, некој вид антологија. со наслов „Чувај го зборот’“, издадена во Скопје во 2015 г.
Затоа, накусо, мојот роденден само ме потсетува дека се’ помаку време ми останува. А работа сум си зацртал за два живота! Па,што Бог ќе даде!
Публицитет.мк