Борис Тримчев од Охрид. Економист, моментално работи на проект на Хелветас, швајцарска развојна организација.
Денот ми започна, па….дисциплинирано, строго придржувајќи се на мерките! Секако немам многу опции за славење на роденденот со оглед на ситуацијата, но не значи дека нема да биде соодветно одбележан…денес или некој друг ден.
За разлика од минатите години кога желбите ми беа многу повеќе сега само посакувам оние што се соочени со предизвикот што побрзо да оздрават, а другите да останат здрави, весели, убави и среќни, впрочем какви што и сите сме.
После ова верувам дека следува многу поубав, просперитетен и повесел период од било кога досега и затоа вреди да се чека….секако дома!
Благодарам Публицитет.мк и ви сакам многу успех во периодот што следува.
Публицитет.мк