
Божана Тренческа, пензионерка, љубител на пишаниот збор и автор на повеќе дела од Прилеп.
Роденденот го доживувам како почеток на еден нов круг низ животот. Понекогаш чувствувам дека го трчам последниот круг и често ми се врти во главата песната на Есма – „Чекај животе“. За мене роденденот е посебен ден, можеби затоа што сум родена на третиот ден од најубавиот празник – Божиќ. Иако веќе сум возрасна се радувам на секоја честитка од блиските и пријателите. За мене малите нешта носат големи радости. Оваа година роденденот ќе биде малку поразличен поради Короната која го измести целото наше секојдневие. Ќе го поминам во кругот на семејството кое никогаш не го заборава мојот роденден и секоја година има различно изненадување за мене. Ви благодарам на укажаната чест да пишувате за мојот роденден. На сите читатели на „Публицитет“ им ја честитам Новата Година и Божиќните празници со мир во душата и многу љубов во срцата.
Публицитет.мк







