Божана Тренческа пензионерка од Прилеп.
Зад нас ја оставивме старата година, а тоа значи постара сум за една година. Татко ми велеше – животот е скала по која се качуваш нагоре се до педесетата година а потоа се оди надолу се до судниот ден.Јас како пензионерка одамна го врвам другиот дел од скалата кој оди надолу.За секој од нас секој нов ден е поклон на кој треба да му се радуваме и разумно да го живееме. Радосна сум за мојот роденден бидејќи е на убав ден кога сите христијани го слават Христовото раѓање. Роденденот како и досега ќе го прославам во кругот на фамилијата со моите најмили кои секоја година ми приредуваат изненадување, а за прослава никогаш не е доцна. Голема благодарност до весникот Публицитет.мк за укажаната чест.
Публицитет.мк