Димитар Димитриоски, средношколец во гимназија „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
И овој како и претходните летни и долги денови ќе го поминам на една од плажите во Охрид во друштво со другарите. Уште утрово почнаа честитките преку социјалните мрежи. Вечер ќе славам со моите најблиски во кругот на семејството . Ќе има задолжително торта, пијалак во рацете и многу замислени желби кои ќе сакам да си ги остварам во следните 365 дена. Една од нив е да се вратиме во училиштните клупи и конечно да го почувствувам гимназискиот живот во полн сјај.
Публицитет.мк