Димитрие Дурацовски, писател од Струга.
Имам поинакво чувство на овој ден бидејќи е посебен,
Сретение Господово е, тоа е денот кога еден смртен човек за првпат го примил Исус Христос во своите прегратки и тоа се смета за прва средба на човекот со Бог. Многу необично житие со малечкото бебе Исус и со сто и шеесет годишниот старец Симеон Богопримец кој не смеел да умре додека не го земе Исус во пазуви. Чудесен празник.
Мене ми е најубаво кога го слушам Житието за овој ден во црквата Св. Богородица во Калишта. Надвор е студено, насекаде снег има годинава голем, Езерото пред нас и величествените планини покриени со снег, сино и бело е околу нас. Нестварна глетка.
Присуството Божјо се чувствува насекаде.
После ќе си заминеме и ќе се напиеме кафе во „Агапе“ и ќе си одиме секој дома. А дома Дарија и Василиј ќе ми ги тегнат ушите, да пораснам уште малку.
Публицитет.мк