Донка Долгоска, новинар на МТВ во пензија.
Да. Денеска ми е роденден. Веднаш се мисли на торта, подароци, прослава…. Годинава ништо од вообичаениот начин на одбележување. Прво, затоа што е пандемија и нема собирања, а второ, презафатена сум со пакување, зашто во вторник летам за Осло, кај ќерката, зетот и моето единствено внуче Даниел, кое го немам видено две години. Најверојатно прославата ќе биде таму.
На публицитет и на Милчо Јованоски им благодарам за убавата иницијатива на вакво потсетување на пријателите за мојот роденден. Се читаме идната година, се надевам и на големо друштво.
Публицитет.мк