Ѕвездан Георгиевски, новинар (21.03.1961)
Одамна сум во второто полувреме на животот, а како што е познато судијата свири крај во второ полувреме по сопствено наоѓање. Ова сознание, наспроти некои врежани мислења, носи со себе голема доза спокој и мир. Едноставно, знаеш дека годините се зад тебе и дека за тебе нема нови почетоци, големи амбиции, планови и желби. И затоа секој ден ти е убав, мирен и спокоен – ослободен од напорот да играш некаква општествена улога, да се допаднеш некому или да бидеш почитуван во средината. Приоритетите поинаку ги поставуваш на скалата од вредности.
Сега ми е важно некое пиво во кафеана со убав, смирен и паметен разговор со убави, смирени и паметни луѓе. Така и ќе го прославам овој убав ден – со некое пиво во кафеана и со убави и интелигентни разговори со убави и интелигентни луѓе.