
Елена Ѓурѓиноска од Охрид.
Покрај љубовта кон музиката и пеењето, имам и хоби. Во моето срце и душа – сум уметник! Креативноста е составен дел од мојот живот. Јас сликам пејзажи.
Огромен обожавател сум на Охрид, неверојатната природа на Балканот, во нив наоѓам инспирација за моите дела. Публицитет, искрено ви благодарам за прекрасните зборови, за честитките, за вашето внимание!
Времето лета многу брзо, но прекрасните моменти остануваат со нас за цел живот. Не паметиме датуми, туку моменти. Секој од нас има свој ден во годината, кој би сакале да го продолжиме што подолго.
Денот ќе го поминам со најблиски луѓе, роднини и пријатели ! Секој роденден е убав и посебен на свој начин.

Публицитет.мк







