Ема Анчевска, ко-сопственик на Агенцијата за маркетинг и односи со јавност, ИДЕА ЛАБ од Скопје
Низ призмата на приватното и деловно секојдневие на модерната мулти-таскинг жена
Дневно ни се достапни само 24 часа, а модерната ера на жената упорно ѝ креира реалност со можеби 48 потребни часа за да се завршат сите обврски, — и на работното место како и во приватниот живот.
Умешноста на модерната мулти-таскинг жена е завршување обврски за дупло помалку време и креирање совршен баланс притоа негувајќи ги бизнис односите со колегите, соработниците, партнерот, децата, домот, пријателите, а згора на тоа наоѓајќи време за себе во текот на денот, без разлика дали понекогаш се работи дури и за само 5 минути.
Ема Анчевска, ко-сопственик и партнер во Агенцијата за маркетинг и односи со јавност во Скопје, —ИДЕА ЛАБ, ни ја доближува призмата на приватното и деловно секојдневие и ја открива “тајната” на среќната и исполнета мулти-таскинг жена, мајка, сопруга, ко-сопственичка на бизнис, во модерната ера, којашто се движи и менува постојано со брзина на светлината.
Агенцијата ИДЕА ЛАБ, од 2013та година па досега, има изградено богато портфолио на имплементирани кампањи и проекти за бројни брендови, организации и институции, како во земјата така и во странство. Основачи и ко-сопственици на агенцијата се Ема Анчевска и Димитар Атанасовски. Од 2021 година, агенцијата е дел од глобалната партнерска мрежа на PR агенции, — PROI Worldwide.
Публицитет.мк