
Емилија Карафилоска, Дипломиран професор по македонски јазик и книжевност.
Би сакала да Ви се заблагодарам за вниманието, но пред сѐ му благодарам на Бога што и овој ден не заборавил да ме разбуди и што и оваа година ми го пружи чувството на она повторно раѓање. Растеме така што се смалуваме за да бидеме големи во очите на животот, а родендените се тука некаде скриени под трепките. Животот е како рулет кога вложуваш сѐ на црно 13, па некогаш станува пелин, некогаш шербет. Наше е сето она што им го даваме на другите, колку подолго даваме толку сме побогати. Родендените се само потсетник дека не е важно што годините течат, ма нека течат, дека не е важно да се биде брз, туку доволно е само да се БИДЕ.
П.С. Исфиловав по некој стих на кој му недостигаат уште дваесет и четири свеќички.
Ти реков дека ќе се родам со душа
полна од твоите празни џебови,
ти реков дека ќе се родам кога твоите образи ќе црвенеат повеќе
од домашните јагоди,
ти реков дека ќе се родам како силна болка во мајчината утроба,
чунки во болката се спомените,
но не ти реков дека ќе се родам со желба
да посакам да те посакам.
Публицитет.мк






