Гоце Маркоски, Доктор по економски науки, вработен во Универзитетот „Св. Килмент Охридски“-Битола, татко на три деца.
Во животот секој си го прославува роденденот според датата на раѓање. Најубав подарок е убавиот збор, искрената честитка и молитвата до Бог за здрав живот со надеж дека Тој има прекрасни планови за секој од нас.
Закован и притиснат во постојната пандемија, се радувам на секој ден, особено денешниот – мојот роденден. Се радувам на утрото и зраците од светлина кои зрачат од моето семејство кои секое утро ме огреваат како сјај од најсветлата ѕвезда.
Прославата на мојот роденден, како и минатата година ќе биде во кругот на моето семејство, со надеж дека наредниот јубилеен 50-ти роденден, ќе го славиме во услови подобри од сегашните.
Средбите со пријателите и годинава ќе изостанат како резултат на постојната ситуација, така, и за овој роденден, ќе посакам само да сме здрави, живи и сите на број.
Животот е полн со вибрации, кои се неминовни во сечиј живот, трепет создаден од ветерот на животот. Сѐ што ни преостанува е, да го користиме секој момент, да живееме максимално и да уживаме во друштвото на нашите најмили, со надеж дека наредниот јубилеен роденден, ќе го прославиме заедно.
Во оваа прилика сакам да го честитам денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (25 Април 1979 г.) и како член на Управниот одбор на Македонското научно друштво-Битола, да го честитам денот на основање на најстарата научна институција во Р. Македонија, Македонското научно друштво-Битола (25 Април 1960 г.).
Публицитет.мк