Гого Видимче од Битола. Директор на Центар за развој на Пелагонискиот регион.
Некои велат дека секој момент е свеж почеток, а јас си ветив себеси дека мојата 36-ка ќе биде мојот. Секој ден е нова шанса во нашиот живот да го преиспитаме патот по кој сме тргнале и одлуките кои ги носиме. Роденденот е посебен ден на кој низ измешани чувтва се заблагодаруваме за се што имаме, преиспитувајќи што сме постигнале обидувајќи се да го задржеме човекот во себе.
Го ценам секој, досега проживеан, момент проследен со разни премрежја, но и длабоко просветлување преку кое научив да ги одделувам важните од неважните работи, да почитувам и ценам моменти на кои не сум обрнувал доволно внимание претходно, да си дадам време за себе, за ново хоби, за квалитетно време со моето семјство, моите внуци и блиски пријатели.
Предизвиците во кои живееме на секој можен начин ќе не натераат да се поколебаме во тоа, но не смееме да ја изгубиме вербата во човечноста бидејќи таа е како оќеан кој останува чист и покрај неколкуте валкани капки. Бидејќи нашите дела зборуваат за нас, професионално, целосно сум посветен на остварување на моите животни цели и визии, поодлучно од кога и да е, но низ призмата на мудроста, која е резултат на изминатиот животен пат, а која јасно укажува дека ние, луѓето, не сме трагачи по замислениот среќен живот, некаде надвор, туку сме создатели на среќата во самите нас.
Публицитет.мк