Ирена Христова – магистер на психолошки науки од Велес.
12 Јуни … Мојот роденден. Ден исполнет со посебни емоции. Ден кога сум особено благодарна за сè што имам во животот…
Научив дека во животот најбитно од сè е човек да се бори за тоа што го сака, да верува во себе и никогаш да не ја загуби ведрината и позитивната мисла. Какви ни се мислите таков ни е животот. Неопходно е секој ден да го живееме со голема свесност, да го бараме и гледаме убавото и позитивното во секоја ситуација и храбро да чекориме и да ги остваруваме нашите соништа, не заборавајќи дека секој миг е неповторлив…
Гледајќи на тоа што сум денес, на постигнатите резултати и успешно надминати предизвици, горда сум на моите 26 години, бидејќи сè што имам постигнато е благодарение на многу труд, верба, непоколеблива желба за најдобра верзија на себе и секако благодарение на неизмерната поддршка од моето семејство.
Мојот роденден ќе го прославам со најблиските наздравувајќи за секој изминат ден, за секој постигнат успех, за секоја реализирана амбиција и остварена цел.
Публицитет Ви благодарам за честитките по повод мојот роденден, мојата порака за Вашите читатели гласи: Не заборавајте дека никогаш не е доцна да поставиме нова цел или да сонуваме нов, поубав сон. Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.
Еден писател рекол: Човек кој мисли позитивно проектира верба и надеж – два елемента кои создаваат чуда – и во најмрачната ситуација, и ја прават посветла. Сè додека на мислите за пораз не им дозволите да влезат во вашата свест, поразот не може да ве совлада.
И да, најважно е да се научи да се ужива во животот – да се биде среќен – сè се сведува на тоа.
Публицитет.мк