Јулијана Ташкоска – Ефтимоска, ко-сопственик на ДИ ЕМ продавница за чевли во Охрид.
Штом чукна полноќ преку фејсбук и на пораки на мобилниот почнаа да стигнуваат честитките по повод мојот роденден. Знам, така ќе е преку целиот ден. Дел од денот роденденот ќе го прославам работно а вечерта е резервирана за тортата и дружбата со семејството. Мора да признам дека родендените како ден за дружба си ги сакам го славам својот а и родендените од мене драгите лица. Детето во мене се’ уште се радува на секој убав збор и подарок. Ах, оваа корона уште ни ги ограничува дружбите. Ќе наздравам, со надеж дека до година пак ќе е по старо.
Публицитет.мк