
Крсте Голабовски. Новинар и презентер ТВМ Телевизија од Охрид.
Самоизолацијата, социјалната дистанца, карантинот посебно годинава беа и се наши вообичаени нови зборови, но животот продолжува да го има својот ритам. Ги скршивме нашите навики за кратко па сега сме изолирани барем во мали групи, но тоа не значи дека немаме причина да го славиме животот. Една ваква рубрика, некоја смс порака или телефонски повик со содржина „Среќен роденден“ не охрабруваат да ја пребродиме пандемијата. Многу лоши работи се случија изминатиов период, изгубивме луѓе кои ги сакавме, па порив за некоја еуфорична забава немам, можеби желба за внимание, за поголема одговорност, свест и совест кај луѓето, кон себе, најблиските и другите околу нив, за трпение и емпатија. Сакам само добро здравје за себе и за сите, колку и да звучи излитено.
Публицитет.мк






