
Прим. д-р Лазар Коњановски, специјалист по интерна медицина и супспецијалист кардиолог од Охрид.
-Почитувани. Размислувам што да посакам, на овој ден на мојот роденден и повторно се враќам на една мисла: Посакувам што побезболно , целото човештво да ја преброди оваа пандемија . Секако дека ќе ја пребродиме. Животот на планетава е посилен од се’ . Но, исто толку силно посакувам сите ние од ова да излеземе посилни и помудри. Посакувам, конечно злото во светски рамки да биде засекогаш поразено од доброто, хуманото . Во тој контекст најголем дел од парите во светот, да се инвестираат во наука , во онаа наука која секогаш ќе го чува животот на секој човек, за никогаш повеќе да не се случат вакви или слични закани .
И за крај , на сите мои колеги и сите здравствени работници во овие тешки моменти им посакувам здравје, среќа и духовен мир.
Публицитет.мк






