Лена Трајковска, Перт – Австралија
Роденденот е посебен ден за секого, па и за мене. Се радувам на секој убав ден и на секој гест на моите драги пријатели. Денеска, истовремено многу ме израдува , но и ме направи тажна подарокот од ќерка ми Лина. Таа е во Даблин, таму го работи докторатот. Има ли посреќен родител од тоа кога дететот му е успешно. Сега сите мои успеси се во втор план. Се надевам дека догодина за мојот роденден ќе сме заедно.
Живеам во надеж дека скоро ќе заврши короната и ќе продолжам да сум активна на музичко поле со многу успешни ученици и хорови.
Желба ми е некој од хоровите да донесам во Македонија а и Лина да ја видам на сцената на „Охридско лето“. Не што е моја, туку е светски уметник – флејтист.
Многу ми недостасуваат Македонија и пријателите. Поздрав ве сака Лена.
Публицитет.мк