Лепа Џундева новинар во ТВ 24
-Го сакам мојот ден. Убав е. Сончев, понекогаш дождлив. Како нежно цвеќе со по некој трн, непредвидлив. Понекогаш ме отсликува, како еден уметник своето его. 21 е убава бројка за мене, ја сакам. Ако е точно дека бројот 2 значи соработка и дипломатија, а бројот 1 нови почетоци и успех, тогаш ми се допаѓа содржината. Митологијата вели дека означува независност, грев и слобода. Да, слобода. Како птица. Порано, летав со параглајдер, пробав со едрилица, мојата следна цел е падобран, но во некои поубави времиња. Мојот роденден најмногу го сакам кога го поминувам со најсаканите. Сакам кога ќе се сетат на мене, сакам убави пораки и мали подароци како изненадување. Дури и еден цвет ми значи дека некој во текот на денот помислил на мене. Години наназад правев големи забави кои завршуваа во дискотека, сепак последните 5 год. фокусот ми е кон други амбиции. Минатата година имав план да го прославам на плажа, факт е дека колку повеќе носиш југ во себе, толку повеќе го чувствуваш и мирисот на морето, но пандемијата и затворените граници го направија своето. Го прославив заедно со колегите во група, имавме мала прослава со дување свекички. И тоа ме направи среќна. Оваа година го дочекав со негативен корона тест и настинка. Мојот ден ќе остане само мој, дома. Но тоа нема да ме спречи да славам во следните денови. Една британска новела на Terry Pratchett вели – Се’ уште е магија, иако знаеш како е направена. Верувам во тоа.
Публицитет.мк