
Лидија Дочовска Павловска, дипломиран правник, долгогодишен работник во МВР, по вокација Поетеса со 7 објавени книги, член на Друштвото на писатели на Македонија.
Денес, 6ти декември и е роденден, за родендените ќе рече: Родендените ми се празник на душата. Чувство на славеник, на среќа, на исполнетост. Тоа чувство им го наметнав и на моите деца. Сите се радувавме еден на друг кога ги славевме. Честитките ни почнуваа од 24.00 часот за да ја фатиме првата секунда од родениот ден. Првите честитки најмногу радуваа а најповеќе ми значеа насмевките на моето семејство и нивната радост и загонетност што ми спремаа… Знаев да го израдувам мојот син со роденденска торта на работното место во 24.00 часот, да ја изненадам мојата ќерка со подарок и шампањско во 24.00 часот во договор со вработените во кафичот каде се слави. Тоа ќерка ми ќе го памети за навек, кога другарките и рекоја дека настанот со шампањот, памфлети и други свечености се од нејзината мајка. 50от мој роденден најмногу го паметам кога мојот син Боби и мојата ќерка Елена толку добро изрежираа настан што јас повеќе не верував во тоа што го гледам и ми се случува, односно, мојата Елена ми предложи да отидеме во ресторанот во Стаклената во Битола, Јас негирав затоа што синот се правдаше со отсуство. Си порачавме пијалок со ќерка ми Елена, но нејзиното внимание беше на мобилниот. Се чудев, зошто на јубилејниот роденден ова ми се случува. Во еден момент музиката ја свири Роденденската песна, доаѓа цело мое семејство, а синот со тортата го гледам и не го гледам, и кога станувам свесна што всушност се случува, јас не плачам, липам од радост. Додека го пишувам ова и навистина солзи ми се разлеваат по образите… Ех, тој роденден… Ми заминаа децата во странство, ме усреќија со по две златни внучиња Анастасија, Павел, Јован и сега и најмалата Матеа.. Далеку се, а во срцето ми е празно…

Но, изненадувањата не престанаа. Ми јавува дежурниот полициски службеник дека имам посета и ми го исклучува телефонот. Се чудам на постапката. Се отвора вратата од канцеларијата, гледам Букет со цвеќиња, за трен се замислувам кој ли ми го пратил, ја гледам нестрпливо честитката,, За мајка ми херој, Среќен роденден,,.. Што направив, липав од радост, моите деца, моите златни чеда ми се единствената радост низ целиот мој живот…
Откако секој тргна по својот пат и јас конечно започнав да се остварувам, не можев како баба, затоа што внуците ми се во странство, почнав да пишувам поезија, проза, мојот емотивен порив да го излевам на хартија и да го пласирам на читателот, да подготвувам менторски обуки на полициски службеници, и да подготвувам Трибини од областа на мојата полициска професионалност но сега во бенефицирана полициска пензиска позиција. Уште 2,3 саати до 24.00 часот, ги нема моите Елена и Боби, ги нема моите внуци до мене, но ги носам во моето срце и душа, воздушно сум поплавена со чувства и емоции, се гордеам со нив и можам да речам,, Јас сум среќна мајка, иако не се до мене, јас ги чувствувам и чезнеам по нив,, Ќе ве чекам и очекувам до последниот мој здив, чеда мои,,..
Емоциите ме издадоа, мои драги пријатели, но оваа година,, ПУБЛИЦИТЕТ. МК ме изненади на ист начин како моите деца.
Голема и вечна благодарност на екипата од,, Публицитет. МК, бидете ми и вие вечни, среќни и успешни… А јас, ќе ги бројам, сатите, минутите, секундите, ќе ги чекам повиците на моите чеда… Нека ми биде среќен роденденот и со сите Вас драги, мои, пријатели моето срце е богато со љубов човечка ја има за секој од вас.
Публицитет.мк







