
Лидија Јевтовиќ, професор по англиски јазик ОУ “Коцо Рацин”- Охрид.
Денот кога ти е роденден по инерција е среќен и посебен, но овај пат во новонастанатата состојба е поразличен од вообичаено.
Почитувајки ги препораките да се биде пример и да се остане дома за доброто на многумина околу нас, ме прави посилна од желбите, иако ми недостасуваат многу нешта од вообичаеното, моите најблиски од далечина, моите колеги и пријатели, моите драги ученици и нивното внимание, но сепак виртуелниот свет ни овозможи да се “гушнеме” и овој пат од далечина и во вакви мигови .
Овој пат мојата единствена порака и желба нека биде упатена до сите – Торта ќе има секогаш, но затоа “Stay home and take care “
Вам на “Публицитет” Ви посакувам уште многу успешни години и многу стории од секојдневието, и големо Благодарам за вниманието.
Публицитет.мк







