
Лидија Јевтовиќ , професор по Англиски јазик во О.У “Коцо Рацин” Охрид.
Ви благодарам за честитката и вниманието на Вашата редакција.
Уште еден ден за убави моменти и многу желби искажани и посакани од многу мои драги личности кои успеваат да го разубават денот , но овој роденден ќе се разликува токму по она што ќе биде мојата овогодишна желба која ќе биде различна од вообичаените … Нема да кажам што сакам, туку ќе кажам што се’ ми недостасуваше во изминатата година, а всушност тоа нека биде најголемата желба за деновите кои ќе следат во иднина. Ми недостасуваа моите најблиски и нивните прегратки, моите ученици и нивните насмевки, моите колеги и нивната почит и поддршка, моите пријатели и нашите седенки доцна во ноќта…и уште многу,многу нешта кои поради состојбата која ја живееме во оваа година на неизвесност се претворија во виртуелна категорија. Но, роденденот е момент за да зборуваме за убави нешта ,така што ќе го прославиме скромно со моето семејство ,со надеж дека се’ ќе помине и оваа година која јас умеам понекогаш да ја наречам година на “memories” ќе се заборави и ќе се вратиме во нашиот реален свет исполнет со драги луѓе и мигови.Велат човек е среќен, кога ќе му се исполнат желбите. Да останеме во добро здравје и нека се вратат прегратките.
Вам “Публицитет ” Ви посакувам успех и уште многу долги години да бидете дел од нашето секојдневие со Вашите стории.
Публицитет.мк







