Лидија Неданоска, вработена во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид.
Секој роденден го доживувам како нов почеток, ново раѓање и можност за нови предизвици и успеси.Минатата година за сите нас беше многу тешка и помина во знакот на светската пандемија.Како вечен оптимист верувам дека оваа година ќе биде подобра и конечно ќе се вратиме на нашето нормално живеење, но и дека од сето ова ќе извлечеме поука и ќе бидеме подобри луѓе.Роденденот ќе го прославам само со членовите на најтесното семејство.И бидејќи на овој ден, традиционално се прославува и Василица,покрај тортата ќе бараме и паричка во духот на христијанскиот обичај за Св.Василиј.Па затоа ја користам и можноста на Вашите читатели да им ги честитам новогодишните и Божикните празници, сВам Ви благодарам за вниманието.
Публицитет.мк