
Лилјана Грџо Дамовска новинар, помошник главен уредник во весникот Вечер.
На 7 години не можев да го дочекам роденденот, на 18 -тиот од радост скокав до небо, на 50-тиот бев горда на себе, на 55 бев горда на првото запче на сонцето на мојот живот. Денеска, овој 22 септември, ја имам возбудата како на 7 години, радоста на младоста, среќата од мирисот на кафе пред изгрејсонце и широка и гласна насмевка. Признавам, кога имав дваесет и некоја мислев дека луѓето на шеесетина немаат многу желби и неостварени соништа, проживеале доволно. Јас Лилјана Грџо Дамовска, тврдам дека која ќе почнете да ја ситните седмата деценија желбите се поголеми од оние на 7 зошто знаете што ви треба, а ја имате одважноста да ги живеете соништата на младоста и на тие од 30 и некоја. Да сте живи и здрави сите кои денес го славите роденденот, а останатите нека се придружат на забавата.
Публицитет.мк






