Љупчо Паункоски, 71 година, се’ уште активен пензионер а по занимање аудио, видео и ТВ техничар.
Седумдесеттото скалило
Се раѓаш и наеднаш пред тебе еден непознат свет кој допрва треба да го запознаваш . Стоиш исправен пред многу скалила кои допрва треба да ги искачиш. И така започнува се’ од првото скалило и другарчињата од маалото . На седмото скалило се среќаваш со првиот предизвик училиштето и првите другари: Илче, Цано, Стојче, Марика, Мирјана, Билјана, Татијана и кој уште не и така продолжуваш и натаму да се качуваш. Покрај тебе нови познанства, нови другари те следат во чекор: Ѓорги, Љупчо, Винко, Спасе, Крсте … Некаде на 18 скалило доаѓа другиот поголем предизвик Војската , а таму нови искушенија и нови другари: Ѓура, Цвеле, Срѓан, Ќазим … Следниот предизвик доаѓа на 23 скалило. Вработувањето и нови пријателства но за брзо некаде на 25- то скалило доаѓа најголемиот предизвик женидбата. Е оттогаш натаму ништо нема да биде како порано. Фамилија, деца, внуци и многу други обврски и предизвици. Многу драги луѓе кои попат качувајќи се некои од првото скалило повеќе ги нема скршнале или заминале за секогаш, а ти продолжуваш. Постепено се искачуваш и искачуваш и наеднаш гледаш си стигнал до 64 -то скалило Пензионирањето. Си заминуваш и се помируваш со мислата дека повеќе не му си никому потребен освем на својата фамилија. Постепено се навикнуваш на еден малку поинаков живот. Стигнуваш до 70- то скалило . Уште колку скалила ти преостанале не можиш да видиш ама сигурно многу помалу од тие кои досега си ги поминал.
А за Вашиот ангажман, не ме прашавете ама ќе напишам.
Па потегот мислам дека е добар. Добро е што Публицитет.мк не потсетува на некои наши пријатели другари и наши сограѓани доколку сме го заборавиле можеби нивниот роденден да им го честитаме, а објавите и да не потсетет на некои начин на луѓето кои направиле некои работи битни за нашиот град и со тоа на некој начин да им ја искажеме нашата почит.
Публицитет.мк