Д-р Марија Димзова, специјалист инфектолог вработена на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, Клинички Центар, Скопје.
Родендените се денови кога со причина и со повод се собира фамилијата и најблиските за да се прослави уште една година од животот, уште една година постоење. Роденденот го гледам како еден потсетник дека секој ден човек треба да е благодарен што постои, што е жив и здрав, опркужен со саканите и дека треба животот да се дише и ужива со полни гради. На овој роденден, подзастанувам и погледнувам наназад да видам каде сум била, што сум направила, што сум оставила позади себе и каде треба да одам во годините кои ми следат. Правам рефлексија кого имам , а кој не е веќе физички присутен во мојот живот…. Секоја една година од животот треба да се живее на начин на кој човек ќе биде среќен и исполнет, или барем треба да се направи обид за тоа. Во овие години на корона пандемија се е испревртено, и ништо не е исто, ништо не е како што сме навикнати и се надевам дека за скоро време полека ќе се нормализираат работите. Среќна сум што ја имам мојата фамилија, моите пријатели и најблиски и што сме взаемно присутни во нашите животи. Роденденот оваа година ќе го прославам во кругот на најблиската фамилија, а на мајка ми и изразувам посебна благодарност за нејзините домашно направени еклери наместо традиционалната роденденска торта. Кој ги има пробано знае за што зборувам
За овој роденден посакувам јас и сите други да сме посреќни, да го живееме животот исполнет со радост и здравје и кончено на короната да и дојде крајот.
На Публицитет МК му благодарам за честитиката и издвоеното време, а на читателите им посакувам многу здравје.
Публицитет.мк