Марина Додевска, поетеса од Крива Паланка
Секоја година учам по нешто ново, а 2022 година ме научи дека можам многу повеќе отколку што мислам јас. Животот повторно ме натера да верувам во чуда.
Ако човек верува во себе и стравот го држи подалеку од себе тогаш сигурно ќе успее.
Јас сум личност која сака предизвици и сонува со отворени очи и знам дека еден ден моите сништа ќе бидат реалност. Секој септември моето срце трепери од возбуда. Септември е мој месец, моја надеж. Денес е мојот роденден, денес сум постара за една година, но и понатаму посакувам секогаш да бидам вака полна со енергија, да ме радуваат малите нешта и да бидам личност која ќе се гордее со себе.
„Кога љубиме, секогаш се стремиме да станеме подобри одошто сме. Кога се стремиме да станеме подобри одошто сме, сѐ околу нас станува подобро.“
Благодарам од се срце Публицитет.мк за роденденската честитка.
Публицитет.мк