
д-р Марјан Ѓуровски, Универзитетски професор на УКИМ во Скопје.
Извор на мојата енергија е ќерка ми Ана, постојан советник жена ми Габи, мотив непријателите, поттик за професијата студентите. Годините те учат да знаеш да станеш кога ќе паднеш, зошто секогаш има падови, но и скокови во животот, зошто сепак Животот е убав и без препреки не е интересен. За да ја оствариме целта мораме да ги надминеме препреките. Проблемите се дел од равенката на живеење. Најважно е да се има под контрола својот живот и распоред. Треба да се биде упорен и истраен. Потребна е одлучност и храброст за да се направат нештата кои другите ги сметаат за невозможни. Треба да се развие својот порив преку фокусирање на идниот успех.
Публицитет.мк







